Бугарија: С-400 во руската база во Ниш го покрива цел Западен Балкан

Од:

Поранешната амбасадорка на Бугарија во САД, членка на одборот на Атлантскиот совет на Бугарија, Елена Поптодорова, изјави дека Ниш е руска воена база во Србија.

-Ниш очигледно е руска воена база во Србија која ја нарекуваат центар или интитуција. Но, доколку таму Русите го остават противвоздушниот систем С-400, ќе ја покријат и Бугарија и цел регион на Западен балкан, оцени Поптодорова.

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси на својот профил на Твитер ја искоментира фотографијата на српскиот претседател Александар Вучиќ со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и со европскиот комесар Јоханес Хан, алудирајќи на

Европската комисија да обрне внимание на руската активност во Србија.

-Дали ќе има расправа за руското воено присуство во Србија и рускиот центар за шпионирање во Ниш? Или ние и на КГБ му нудиме европска перспектива?, напиша Паси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов