Бугарија ја отфрли спогодбата за изградба на нафтовод до Александропулос

Од:

Бугарскиот парламент изгласа отфрлање на спогодбата за изградба на нафтовод во износ од милијарда евра, со кој беше предвидено руска нафта да се транспортира до пристаништето Александропулос во Грција.

Со 115 гласови за и 25 против бугарскиот парламент ја поддржа владината одлука за повлекување од проектот, наведувајќи ги како причина трошоците и загриженоста на јавноста околу можните последици од овој проект врз животната средина, пренесуваат агенциите.

Првично било предвидено преку нафтоводот, со должина од 282 километри, годишно да се испорачуваат 35 милиони тони руска нафта преку Бугарија до Александропулос, во североисточна грција.

Бугарија пред една година на Русија и Грција им предложи да се договорат околу откажување на трилатералниот договор, додавајќи дека еднострано ќе се  повлече од спогодбата по истекот на една година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

СБУ: Украински беспилотни летала погодија 12 руски рафинерии за нафта од почетокот на војната