Бугарија/Избори: ГЕРБ-СДС доби 146.301 глас или 25,36 отсто поддршка со 24,29 отсто од секциските протоколи обработени на полноќ

Од:

ГЕРБ-СДС доби 146.301 глас или 25,36 отсто поддршка со 24,29 отсто од секциските протоколи обработени на полноќ, јави дописникот на МИА од Софија. Според овие резултати, партијата на Кирил Петков и Асен Василев „Продолжуваме со промените” собрала поддршка од 21,61 отсто или 124.718 гласови. Трета политичка сила е националистичката „Преродба” на Костадин Костадинов со 11,06 отсто или 63.789 гласови.

Движењата за права и слободи се четврта сила во овој број обработени протоколи со поддршка од 10,09% или 58.248 гласови. БСП за Бугарија, предводена од Корнелија Нинова, е на петтото место со поддршка од 9,66 отсто и 55.714 гласови. Демократска Бугарија на Христо Иванов доби 7,31 отсто или 42.206 гласови Бугарскиот подем на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев доби 5,19 отсто поддршка или 29.966 гласови.

Со овие податоци „Има таков народ” на Слави Трифонов е на последно место со 24.243 гласа или 4,20% поддршка и го прескокнува потребниот праг за влез во 48. Народно собрание на Бугарија. Сега почнуваат да пристигнуваат записниците за гласање од цела Бугарија и од странство, што може да влијае и на изборниот резултат, но само малку поради слабиот одѕив на гласачите кај бугарските граѓани кои живеат таму.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Сиљановска води со над 100.000 гласови пред Пендаровски во обработени 2.575 избирачки места