Бугарија инсистира на датум за датум, Австрија веднаш да почнат преговорите, а Кипар проширувањето да не запре

Од:

Два параграфa за Србија и Косово и за „поранешната југословенска Република Македонија“ се единствени преостанати прашања околу кои денеска треба да се договориме во врска со заклучоците за пакетот за проширување на Европската унија на претстојниот Самит на Европскиот совет.

Ова го изјави Ерато Козаку-Маркулис, министерка за надворешни работи на Кипар и претседавач со денешниот Совет за општи работи (ГАК) на кој Македонија очекува да го добие залуженото, а тоа е датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.

За разлика од неа, државниот секретар во австриското МНР, Рајнхолд Лопатка, стави јасно до знаење дека Македонија мора веднаш да ги почне преговорите за членство во ЕУ, додека шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов инсистира на датум за одредување на датум за почеток пристапните преговори, јави дописникот на МИА од Брисел.

Пред почетокот на денешниот состанок, кипарската министерка Козаку-Маркулис, посочи дека попладнево на ГАК ќе се разговара за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација за земјите од Западен Балкан, изразувајќи силен оптимизам од исходот на усвојувањето на заклучоците.

– Вчера имавме дискусија за време на Советот за надворешни работи во врска со земјите од Западен Балкан. Сигурна сум дека овие дискусии ќе продолжат и денес. Заклучоците, повеќе или помалку веќе се договорени на ниво на КОРЕПЕР (н.з. амбасадори на земјите-членки). Има уште некои преостанати прашања да бидат решени, но јас сум оптимист дека уште еднаш ќе ја потврдиме нашата посветеност на процесот на проширување, што е едно од најефикасните средства за промовирање на мирот, демократијата и владеењето на правото во контекст на Нобеловата награда за мир што вчера ја доби Европската унија. Таа награда најмногу се должи на процесот на проширување, потенцираше шефицата на кипарската шефица и претседавач со денешниот Совет за општи работи на Унијата.

Козаку-Маркулис додаде дека има уште само две верзии кои треба да се разгледаат за Србија и Косово, како и за Република Македонија.

– Ќе дискутираме, но сигурна сум во добар дух на соработка и конструктивен однос, како и обично – ќе најдеме решение, рече Кипранката.

Дека Австрија е најголем поддржувач на Република Македонија, потврди и ставот на австрискито државен секретар Лопатка, кој пред состанокот на Советот за општи работи порача дека Македонија мора веднаш да ги почне пристапните преговори.

– Оваа земја е кандидат од 2005 година и ги исполнува сите критериуми. Тоа значи дека мора да и доделиме датум за почеток на преговорите, што четири години по ред во извештај го бара и Европската комисија, истакна австрискио секретар Лопатка.

Бугаринот Младенов, пак, посочи дека неговата држава нема интерес да ја види Македонија изолирана и отпадната од процесот на проширување на ЕУ. Тој вели дека, напротив, Бугарија има интерес Македонија секогаш да се движи напред, но на база на критериуми и барања кои треба да ги исполнат сите што сакаат да станат дел од ЕУ.

– Во врска со Македонија, позицијата на Бугарија нема промена, ние сме вложиле двостран процес со оваа држава за да го потврдиме анагажманот кој тие го превзедоа кон Бугарија со оној договор од 1999 година. За да има Македонија поддршка од нас, таа треба да докаже дека е подготвена да ги исполни сите критериуми, пред се оној за добрососедски односи. Во моментов нема завршен текст на заклучок во врска со нашиот сосед и очекувам до крајот на денот да постигнеме консензус кој ќе биде базиран на европски критериуми и интересите како на регионот, како и да ја вклучува позицијата на Бугарија, истакна Младенов.

На прашањето дали јуни 2013 година е заклучокот кој ГАК и подоцна Советот би го определил како датум кога Македонија би ги почнала пристапните преговори, бугарскиот МНР посочи дека до крајот на денот треба да договорат решение кое ќе ја посочи следната етапа што ќе треба да биде изодена од страна на Македонија за да отиде чекор напред во приклучувањето кон ЕУ.

– Но, повторувам, за Бугарија важно е тоа што го говоривме месеци наназад, а кое со години се обидуваме да го оствариме и да видиме резултат. Да се стави акцент на добрососедските односи, да се прекине антибугарската кампања и тоа постојано зајадување кое нашето општество секојдневно треба да го трпи од страна на нашиот сосед. Тоа никако не е добро за односите меѓу двете држави и не е во духот на европските вредности. Во моментов, дискусијата е за следниот чекор кој Македонија треба да го изоди. Никој не сака враќање назад во нејзиниот развој, туку напротив сите сакаме оваа држава да се движи напред. Тоа значи стриктно исполнување на критериумите и задолженијата, додаде министерот Младенов.

На конкретното прашање дали Бугарија поддржува датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, бугарксио министер за надворешни работи со одговор: „нашата поткрепа за Македонија ќе се врати кога ќе видиме исполнување на она што го постигаме како договор”.

Ова во Советот се толкува како бугарска порака дека тие поддржуваат само датум за датум за почеток на преговорите, што е една од драфт-верзиите што се на маса кај министрите за надворешни работи и европски прашања денеска во Брисел, а кое се однесува на јуни 2013 година, до кога Европската комисија би подготвила нов извештај за Македонија, кој во голема мера би се засновал на добрососедскит еодноси и развојот на преговорите со Грција околу решавањето на наметнатиот спор за името.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески