Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во шенген зоната

Од:

Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, бидејќи ги исполниле условите. „За“ приемот гласаа 505 гласа европратеници, 134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП.

Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП , но Загреб треба да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.

ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.

Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.

ЕП е загрижен за извештаите за мигрантите кои ги одбива граничната служба Фронтекс на надворешните граници на Шенген.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Словенија веќе в сабота воведува контроли на границата со Хрватска

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он