Бугарија ги отвора училиштата, задолжително мерење температура и дезинфекција на раце и обувки

Од:

Ниту едно училиште нема да остане затворено на 15 септември, изјавија од бугарското Министерството за образование за бугарската национална телевизија „НОВА“.

Училиштата веќе ги обезбедиле потребните количества на средства за дезинфекција, а протоколите според кои учениците треба да учат во новата учебна година, се речиси подготвени.

Според новите правила, од учениците ќе се бара да носат маски во внатрешните простории на училиштата, физичкото образование ќе биде на отворено, а доколку е потребно, наставата ќе се одвива на соодветна дистанца.

Мерките за безбедност ќе се спроведуваат непосредно пред влезот на училиштата каде задолжително ќе им се мери температура на учениците, но и од нив ќе се бара да ги дезинфицираат рацете и обувките.

Оваа година, дури и најмладите ученици ќе треба да влезат во училиште носејќи заштитна маска, пренесе „Нова“.

На прашањето, што ќе се преземе доколку некој од учениците е заразен со Ковид-19, претставникот од МОН, Евгенија Костадинова одговори: „Општо земено, само една паралелка ќе биде ставена во карантин доколку еден ученик е заразен“.

Останатите правила ќе бидат објавени до крајот на август, соопштија бугарските власти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит