Бугарија е трето место во ЕУ по смртност од Ковид-19 врз основа на двенеделен период

Од:

Бугарија е на трето место во ЕУ и втора на Балканот според смртност од Ковид-19 врз основа на период од 14 дена, изјави главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.

– Нашата земја е на 13-то место во ЕУ според инциденцата на Ковид-19, рече тој.

Кунчев изрази лично мислење и истакна дека мора да се донесе многу дефинитивна одлука – или усогласување со мерките сега или да се премине на многу построги.

– Другата опција е сè повеќе болни и се повеќе изгубени животи, додаде Кунчев.

Во изминатите 24 часа, во Бугарија беа потврдени 3.938 нови случаи на Ковид-19 од 9.949 тестирани примероци, објавено е денеска на официјалната веб-страница coronavirus.bg.

Стапката на позитивност е 39,58 проценти, а во истиот период починале уште 117 лица со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 2.530.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Бугарија е 110.536, од кои 75.526 се активни. Хоспитализирани се 5.629 пациенти, од кои 313 се на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија

Бугарија: Земјоделците организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од ресорниот министер