Бугарија бележи рекорден број на новозаразени од Ковид-19, над 900 позитивни случаи во последното деноноќие

Од:

Уште еден ден со рекорден број на новозаразени од смртоносниот коронавирус во Бугарија.

Според податоците на здравствените власти од земјата, во последните 24 часа се регистрирани нови 914 позитивни случаи.

Резултатите се базираат на нешто повеќе од 6.300 ПЦР тестови, што значи дека околу 14,5 отсто од вкупниот број на тестови се позитивни.

Зголемувањето на бројот на новозаразени е речиси за 100 лица поголем во споредба со вчерашниот ден.

Тамошните власти информираат дека 189 лица закрепнале, додека 15 ја загубиле борбата со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит