(ВИДЕО) Брутална тепачка на навивачи во Мостар: Фрлале факли, камења и се што нашле покрај патот

Од:

Десетина хулигани денеска околу 14 часот и 30 минути се судрија во Мостар, а во масовната тепачка се повредени неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци, а еден навивач е во критична состојба. Во физичката пресметка учествувале речиси педесетина лица кои се тепале со палки и разни помагала кои ги нашле покрај патот.

Портпаролот на МВР, Људевит Мариќ потврдил дека непознати лица меѓусебно се гаѓале со пиротехнички средства и камења.

Судејќи по фотографиите од местото на инцидентот, оштетени се многу објекти и излози, а на некои места на улицата може да се забележи и крв. Полицијата веднаш интервенирала и го блокирала местото на конфликтот.

Според klix.ba, од сведоците од местото на настанот, конфликтот меѓу навивачите на Вележ и Зрињски се случил поради графит. Наводно, навивачите на Зрињски цртале графити во непосредна близина на местото каде што се случила тепачката. Наводно навивачите на Вележ прво имале намера да цртаат графити, а денеска до истиот ѕид дошле и навивачите на Зрињски.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина