Бројот на затруени во Дечани стигна до 1500, се прават дополнителни анализи на водата

Од:

Бројот на затруени во Дечани се зголеми на 1500 лица. Во општината вчера беше прогласена вонредна состојба.

Директорот на Националниот институт за јавно здравје на Косово, Насер Рамадани, рече дека претходните лабораториски испитувања не укажуваат на тоа дека граѓаните биле затруени со вода, но наведува дека се прават постојани анализи.

– Лабораториските резултати покажуваат дека немаме траги од труење со вода. Тоа не значи дека не постои можност за хидрични инфекции, но ќе продолжиме со постојана анализа на тестови за вода и пациентите “, рече Рамадани.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека владата „ги презеде сите мерки“ за да му ги обезбеди на Центарот за семејна медицина во Дечани сите потребни лекови за лекување на пациенти хоспитализирани за труење, чија причина засега не е позната.

Би можело да ве интересира

Мајка од Србија ја труела својата ќерка со седативи, здравјето на девојчето е тешко нарушено

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во куќа во Романија