Бројот на патници на хрватските аеродроми зголемен за 8,8 отсто во однос на минатата година

Од:

Хрватските аеродроми регистрираа вкупно 6,3 милиони патници во првите седум месеци од оваа година, или за 8,8 проценти повеќе во однос на истиот период лани, додека во јули има пораст од 5,1 отсто на 1,9 милиони патници, покажуваат податоците се Централното биро за статистика (ЦБС).

Во првите седум месеци од оваа година имаа 73,4 илјади операции на авиони на сите аеродроми, што претставува зголемување од 5,8 проценти во однос на истиот период во 2018 година, додека само во јули, овие операции беа 19,7 илјади или 0,9 проценти повисоки отколку во јули минатата година.

Меѓу деветте хрватски аеродроми, најголем број патници годинава, 719,8 илјади, минале низ аеродромот во Сплит, што претставува зголемување за четири проценти во однос на истиот месец лани.

Најголем пораст на број на патници од 28,4 отсто е остварен на аеродромот во Задар низ кој поминале 142,7 илјади патници.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски