Брнабиќ: Српската влада не планира затворање и воведување полициски час, граѓаните треба да останат дисциплинирани

Од:

Премиерката на српската влада, Ана Брнабиќ за телевизија Пинк изјави дека во моментот властите во Србија не планираат да воведат затворање и воведување полициски час на целата територија во земјата.

„Во моментов не планираме никакво затворање и се надевам дека ќе го спречиме третиот бран на друг начин. Што се однесува до кафулињата и рестораните, потребни ни се голем број на инспектори за да можеме да ги контролираме“, рече Брнабиќ и додаде дека тоа е многу тешко да се воспостави контрола врз сите локали.

Зборувајќи за новите епидемиолошки мерки и состојбата во земјата, Брнабиќ нагласи дека доколку граѓаните на Србија не бидат дисциплинирани, а тоа подразбира да не ги почитуваат здравствените политики, дека земјата би можела да се најде во неволја.

„Како  претседател на Кризниот штаб, морам да кажам дека пандемијата не се запира толку лесно. Нема сомнение дека во деновите кои се пред нас ќе имаме влошена состојба. Прашањето сега е како ќе се справиме со тоа и дали ќе ги почитуваме мерките. Навистина е важно да се носат маски, да се следат правилата. За мене е важно да го заштитиме нашиот здравствен систем. Пред нас е крајно тешка година и се плашам како луѓето ќе го издржат физички и психички третиот бран“, рече таа.

На прашањето како би изгледал колапсот на здравствениот систем, Брнабиќ рече дека ќе биде исто како и во Њујорк и Италија, а тоа значи дека нема да има место на интензивна нега и нема да има медицински персонал.

„Имаме толку многу респиратори што не верувам дека некогаш ќе дојдеме во ситуација да имаме потреба од дополнителни. Втора работа, не можеме да им помогнеме на пациентите кои страдаат од други болести во текот на целата година. Не можеме да си дозволиме повторно да ги претвориме сите болници во болници само за лекување на Ковид. Ние мора да лекуваме други луѓе, и токму затоа ја отвораме Арената, за да не ги оптеретуваме здравствените установи“, рече Брнабиќ.

За непочитувањето на мерките, таа посочи дека борбата против маските не е единствена само во Србија, туку постои во целиот свет, но додаде дека српскиот народ е дисциплиниран, и покрај исклучоците.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов