Брнабиќ: Србија повеќе не е земја со евтина работна сила

Од:

Денеска веќе не се говори дека Србија е земја со евтина работна сила и на работници што влечат кабли. Србија е денес земја со која сакаат да соработуваат, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на затворањето на 28-от деловен форум„ Копаоник“.

Србија, според Брнабиќ, има најнизок пад на БДП во Европа и ќе ги надмине предвидените шест отсто економски раст.

-Растот е воден од растот на градежната индустрија, изградбата на патишта, дигитализацијата, потсети Брнабиќ.

Во моментов, како што рече таа, во Србија се градат 330 километри патишта.

-Инвестирани се четири милијарди евра во инфраструктурата, која сега е во фаза на изградба, нагласи Брнабиќ.

Таа рече дека оваа година од основните училишта ќе излезе првата генерација матуранти кои имаа програмирање како основен предмет.

-Од 1 септември во основните училишта ќе се воведе настава по вештачка интелигенција. И училишниот систем ќе биде целосно опремен за да овозможи иновации, кажа Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Ана Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да се држат заедно

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов