Брнабиќ: Се намалува притисокот врз здравствениот систем, сè уште не е време за опуштање

Од:

Во последните 24 часа во Србија тестирани се 9.858 лица од кои позитивни на коронавирусот се 295 лица, а девет лица починаа, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Таа на прес-конференција изјави дека на респиратор има 132 пациенти.

-Имаме 295 нови случаи на заразени со вирусот, но реалноста е дека процентите се намалуваат и дека притисокот врз здравствениот систем слабее, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека ситуацијата полека се смирува, за што потврдува и фактот, што повеќе пациенти се отпуштени од болниците отколку што се хоспитализирани или 287 пациенти се хоспитализирани, а 190 пациенти се отпуштени.

Во Србија како резултат на Ковид-19 официјално до денес се починати 614 лица. Од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 27.033 случаи на заразени со коронавирус.

Членот на Кризниот штаб, Д-р Предраг Кон, денес изјави дека постои предлог наставата во училиштата да се организира така што учениците од прво до четврто одделение би имале четири часа дневно во времетраење од 30 до 35 минути, со до 15 ученици по одделение.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов