Брнабиќ: Паралелната структура во Министерството за внатрешни сакаше да го урне Вучиќ

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денеска дека постојат „непобитни докази“ дека „паралелна структура“ во Министерството за внатрешни работи (МВР) сакала да го искористи случајот Јовањица и сопственикот на фармата каде беа пронајдени тони марихуана Предраг Колувија, за уривање на претседателот Александар Вучиќ.

Таа оцени дека странските безбедносни служби се „очигледно“ вклучени во аферата Јовањица, но и „дел од политичката опозиција“, на која, според неа, им било било овозможено во секое време да го коментираат случајот и да презентираат наводни докази.

-Страшно е што постоеше паралелна структура во МВР, која имаше таква моќ да уценува човек со неговата слобода за да го обвини Андреј Вучиќ (брат на српскиот претседател). Таа мрежа луѓе имаше за цел да го собори Александар Вучиќ, и наше е да утврдиме од кога ја добиле таа задача, изјави премиерка во телевизиско интевју.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Ана Брнабиќ: Без разлика на предизвиците, важно е Србија и Република Српска да се држат заедно

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Брнабиќ: Преписката на Скај до која дојде Европол е непобитен доказ дека Вучиќ е најголемиот непријател на криминалот

Брнабиќ: Очекувам убедлива победа на изборите во Белград