Брнабиќ: Обврзната вакцинација на лекарите ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека воведувањето задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници ќе отвори други проблеми за Србија и на крајот ќе ја доведе земјата пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Таа на прес-конференција во Нови Сад истакна дека не би сакала да им наметнува „такви очигледни работи“ на лекарите како обврски, бидејќи верува дека тоа би било навреда.

– Мислам дека здравствените работници веруваат во науката и здравјето и дека тие ќе ја водат вакцинацијата, посочи Брнабиќ.

Таа нагласи дека евентуалното воведување на задолжителна вакцинација во здравствената заштита ќе доведе до отпуштање на 20 отсто од здравствените работници кои поради некоја причина не сакаат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Го погребаа Вучиќ, некролог излепен низ Белград – пореметени луѓе мислат ова е политика, остра Брнабиќ

Анита Петровска Рајковиќ

Брнабиќ: Ова е обид за сценарио „Мајдан“

Горан Наумовски

Брнабиќ: Ја имате мојата оставка на маса

Горан Наумовски

Брнабиќ: Србија никогаш вака не напредувала

Брнабиќ: Економските и политички односи меѓу Србија и Северна Македонија се се подобри

Ковачевски – Брнабиќ: Србија ќе се приклучи кон интерконекторот Северна Македонија-Грција