Брнабиќ: Не се согласувам со ултиматумот на студентите и не го менувам Мали

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека нема да го разреши министерот за финансии Синиша Мали, бидејќи не се согласува со ултиматумите кои ги поставуваат 15 студенти.

Таа на тој начин одговори дали ќе го исполни барањето на студентите од протестите „Еден од пет милиони“, кои ја блокираа зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, со главно барање, ректорот Иванка Поповиќ да побара од премиерката да го разреши Мали, додека се одлучува за тоа дали неговиот докторат е плагијат.

– Ако живееме во земја во која 15 или 20 лица, некои се студенти, некои имаат 30 години, можат да окупираат која било институција со земање клуч од чуварот, тогаш за тоа е потребна некоја друга влада. Не сакам да живеам во земја каде некој може да блокира било што и да поставува ултиматуми, рече Брнабиќ.

Таа истакна дека Белградскиот универзитет има околу 100.000 студенти, а „имаме ситуација кога 15, можеби 18 лица, упаѓаат во Ректоратот, ставаат кеси врз камери, за да не се види што прават и го земаат клучот и покрај тоа што имаат редовна комуникација со Ректорот“.

-Тие не им дозволуваат на луѓето да одат на работа, да донесуваат одлуки што се во интерес на останатите 100.000 луѓе. Тоа за мене е анархија, не е владеење на правото, рече Брнабиќ, додавајќи дека блокадата е прашање на Белградскиот универзитет и дека Владата нема да се меша.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов