Брнабиќ: Европската унија да престане со лицемерието, не ја заврши својата работа, дава само бескорисни изјави

Од:

Делува како несолена шега – ова е оценката на премерката на Србија Ана Брнабиќ за деншното соопштение од Европската унија. Таа ја повика ЕУ да престане со лицемерието и да го заврши својот дел од работата.

„Гледајќи ја денешната изјава на ЕЕАС, некој би помислил дека денес е 1 април, а не 14 август. Тоа мора да е некаква (многу невкусна) шега. Цели 175 дена Албин Курти провоцира вооружен конфликт со Србите. И тоа во годината што ќе остане запаметена како година во која Курти ги лиши истите тие Срби на Косово и Метохија од нивните најосновни човекови права – со тоа што им забрани да гласаат. Освен бескорисна писмена изјава, ЕУ не направи апсолутно ништо. Спротивно на тоа, мотото на претседателот Вучиќ и Србија е јасно: мир и стабилност. Се наближуваме до десет години од потпишувањето на Бриселскиот договор, кој ЕУ едноставно не може да го спроведе. Дури и самата ЕУ признава дека не можат да го принудат Курти да формира Заедница на српски општини – столбот на Бриселскиот договор. Жално е да се види дека ЕУ не ја гледа сопствената вина за тоа каде сме денес. Ако ЕУ го завршееш својот дел – да го обезбеди спроведувањето на Бриселскиот договор и ги гарантираше основните човекови права на Србите во Косово – работите денес ќе изгледаа многу подобро. Затоа ве молам престанете со лицемерието“, се вели во одговорот на Брнабиќ.

Во соопштенето од ЕУ се искажува загриженот за потпалувачката реторика од функционери и од Косово и од Србија и уште се вели дека двете страни ќе бидат одговорни секоја ескалација што ќе доведе до зголемени тензии и потенцијално насилство во регионот.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски

Брнабиќ: Отворениот Балкан има светла иднина, не верувам дека Рама е против тоа

Горан Наумовски