Британски турист убиен на Крит

Од:

Еден 20-годишен Британец, кој бил на летување во Грција, е убиен со нож на островот Крит.

Полицијата не го соопшти идентитетот на убиениот, освен што откри дека убиството се случило во туристичкиот центар Малија, на крајниот исток од островот, пред локален бар.

Британскиот Форин Офис денеска го потврди инцидентот на Крит и најави соработка со грчките власти околу разјаснувањето на убиството.

Последниве години, Малија стана популарна дестинација, посебно за младите британски туристи, кои во голем број ги посетуваат и одморалиштата во Аја Напа и Закинтос.

Одморалиштето Малија стана особен популарно кај младите во Велика Британија, откако во овој туристички центар е снимен игран филм за четворица тинејџери кои првпат се на летување без своите родители.

Британскиот амбасадор во Атина пролетва го посети Крит, каде што со локалните власти разговараше за тоа како да се спречат инцидентите меѓу локалните млади луѓе и нивните врсници од Велика Британија, кои на островот доаѓаат сами на летување.

Според податоците на Форин Офисот, што денеска се објавени, секоја година во Грција на одмор доаѓаат по два милиони Британци.

Половината од инцидентите во Грција, во кои се вмешани британските гости, во каков било облик на судир со домаќините се случуваат во само пет „опасни“ локации – Малија, Лаганас, Кавос, Кардамена и Фалираки на островот Родос.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди