Брегу: Италијанските протоколи за лекување на Ковид-19 доставени до владите на Западен Балкан

Од:

Италијанските протоколи за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, преведени на сите јазици на земјите од регионот, сега се достапни до владите и до здравствените работници и институции, соопшти денеска Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС).

-Имајќи ја предвид моменталната состојба во борбата против емидемијата со виирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19 на Западен Балкан, како и огромното искуство што го стекна Италија во лекувањето на пациентите заразени со овој вирус, италијанските власти ги ставија на располагање своите оперативни инструкци за лекување, при што РСС ја имаше скромната улога да ги преведе на сите јазици и да ги дистрибуира материјалите, појасни Брегу.

Оперативните насоки во најголем дел се резултат на инфектолозите, пулмолозите, интернистите, интензивистите, специјалистите на ургентна медицина, хигиеничарите и другите медицински експерти, кои најтешкиот дел од пандемијата со вирусот ја поминаа во болницата Папа Џовани XXIII во Бергамо, се вели во соопштението на РСС.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши