Брамерц: Воените злосторници на Балканот се сметаат за херои

Од:

Реакциите за пресудите на Ратко Младиќ и на босанските Хрвати покажуваат дека премногу лица осудени воени злосторници се сметаат за херои и дека на просторите на поранешна Југославија нема волја за прифаќање на одговорност за воените злосторства од 90-тите, смета главниот хашки обвинител Серж Брамерц.

– Настаните во последните две недели покажаа дека многу осудени воени злосторници се сметаат за херои, додека жртвите и преживеаните се игнорираат, рече Брамерц на седницата на Советот за безбедност на ОН.

– За жал, премногу луѓе слушаат воени злосторници кои се кријат зад колективната одговорност и тврдат дека целата нација е виновна ако тие се прогласат виновни, рече обвинителот на седницата посветена на работата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), која се затвора на 31-ви декември.

Тој додаде дека ниту една нација не е одговорна за воените злосторства и виената ја препиша на поединците. Брамерц рече дека резултатите на МКТЈ нема да доведат до помирување во регионот, бидејќи бројни криминалци се уште не се осудени, а многу жртви чекаат правда.

– Политиката на САД, ЕУ и другите држави беше одлучувачка: ако има јасна политичка волја и ако меѓународната заедница го зборува истиот јазик, одговорните за воените злосторства можат да бидат изведени пред лицето на правдата, заклучи Брамерц, кој презема нова позиција на обвинител на Меѓународниот механизам на кривичните судови, наследникот на МКТЈ.

Би можело да ве интересира

Морничавата приказна за бебињата од Југославија и денеска не е разрешена: „Се уште чувствувам дека е тука“

Катерина Ѓуровски

Последни пресуди за воени злосторства во поранешна Југославија: Двајца Срби осудени на по 15 години

Катерина Ѓуровски

3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Анита Петровска Рајковиќ

Путин: Југославија беше бомбардирана без одобрение од ОН, меѓународното право го кршат други земји

А1он

Словенија ѝ подари на Украина 35 пешадиски борбени возила наследени од Југославија

А1он

На денешен ден, пред 75 години, жените во Југославија се стекнаа со право на глас

А1он