Босна ги одложи изборите за 15 ноември, не обезбедиле пари за нивно одржување

Од:

На денешната седница во Сараево, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина донесе одлука дека годинашните локални избори да се одржат на 15 ноември, наместо на 4 октомври.

Претседателката на ЦИК на БиХ, Вања Бјелица-Прутина рече дека изборите биле одложени поради недостиг на финансиски средства.

На 7 мај ЦИК одлучи да распише локални избори во БиХ за 4 октомври, но вчера истече рокот определен со Изборниот закон за обезбедување пари за нивно одржување, а средствата сè уште не се обезбедени. Причина е неусвојувањето на буџетот на БиХ, поради што ЦИК беше спречена да ги започне најважните процедури за јавни набавки.

ЦИК претходно соопшти дека се потребни околу девет милиони конвертибилни марки за спроведување на годинашните локални избори, од кои околу 4,2 милиони треба да бидат обезбедени во буџетот на институциите во БиХ. Останатите средства кои се потребни за спроведување на изборите ги обезбедуваат градовите односно општините

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов