Босанските власти предупредуваат на опасност од поплави

Од:

Сите служби на Босна и Херцеговина задолжени за заштита и спасување од денеска се ставени во состојба на зголемена готовност, поради опасност следната недела земјата да биде зафатена од поплави, кога се очекуваат поројни дождови, соопшти денеска босанското Министерство за безбедност.

Агенцијата за водното подрачје на реката Сава предупреди дека е можно следната недела да дојде до зголемување на водостојот на поголемиот дел на реките во БиХ, а пред се на Уна, Сана и Босна и нивните притоки.

– Врвот на водниот бран на реката Уна се очекува в понеделник на 13 мај, а на реките Сана и Босна во вторник, се наведува во соопштението.

Агенцијата ги повика жителите и раководствата на компаниите да преземат мерки за намалување на штетите доколку дојде до излевање на реките.

Босанските метеоролози предупредија дека БиХ ќе биде зафатена од поројни дождови во периодот од 12 до 17 мај.

Во, исто време, и српските метеоролози најавија поројни дождови во Србија за следната седмица, почнувајќи од недела вечер.

Би можело да ве интересира

Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

Шефот на НАТО: Русија сее раздор во Босна и Херцеговина, гледаме сецесионистичка реторика

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски