Босанските гранични полицајци спречиле во земјата да влезат 183 мигранти

Од:

Граничната полиција на Босна и Херцеговина спречи 183 мигранти да ја преминат границата нелегално на четири гранични премини, потврди советникот на директорот на таа полициска агенција, Свевлад Хофман.

Во текот на минатата ноќ мигрантите се обидоа да ја преминат границата преку премините Изачиќ, Стрмица, Хум и Требиње, пишува сараевскиот весник „Дневни аваз“.

Повеќето мигранти се обиделе илегално да влезат во Хрватска на граничниот премин Изачиќ. Во тоа се спречени 172 лица – 150 Пакистанци и 22 мигранти од Авганистан.

Хофман рече дека осум државјани на Бангладеш исто така се обиделе да преминат во Хрватска на граничниот премин Стрмица.

Граничната полиција спречи едно лице да влезе во БиХ на преминот Хум од Црна Гора, како и двајца мигранти од Црна Гора кои се обиделе илегално да влезат во БиХ на граничниот премин Требиње.

Нивниот идентитет сè уште не е утврден.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он