Босанскиот премиер Новалиќ: Згрешивме кога прогласивме победа над короната

Од:

Фадил Новалиќ, премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, по итната средба со премирите на кантоните во ФБиХ, оцени дека овој ентитет во БиХ во првите два и пол месеци одлично се справувал со пандемијата на коронавирус и оти од еден од најдобрите станал еден од најзагрозените региони.

Појаснувајќи ја потребата од итен состанок, тој соопшти дека во првите два и пол месеци во ФБиХ имало 1.082 заразени, 39 починати и 87 активни случаи. – Тогаш констатиравме дека сме ја победиле короната, што се покажа како грешка, потенцира Новалиќ.

Тој уште рече дека „увезените“ информации укажувале дека вирусот ќе ослабне во текот на летото, но тоа не се случило.

– Два и пол месеци после суспензијата на состојбата на природна несреќа – наместо 1082 имаме 8.488 заразени. Осум пати повеќе. Повеќе починати – 201. Активни случаи имаме 3.513. Тоа ни кажува дека имаме проблем, потенцира премиерот на ентитетот ФБиХ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина