Босанец осуден на 17 години затвор за силување на три малолетни сестри, со чија мајка бил во врска

Од:

Суд во босанскиот град Бањалука го осуди на 17 години затвор педофилот Драган Б. од селото Лакташи, кој силувал три малолетни девојчиња додека бил во врска со нивната мајка, јавија локалните медиуми.

Во повторената постапка, казната му е намалена за две години, поради тоа што не се докажало дека тој извршил силување и над четвртото девојче во домот, кое има осум години.

Со оглед на тоа што осумгодишното девојче не можело да даде информации за делото за кое се товарел педофилот, обвинителството се откажало од тој дел од обвинението, пишуваат медиумите.

Драган Б., чии ѕверски злосторства ја вознемирија јавноста на само во БиХ, туку и во регионот, е осуден за сексуален напад врз девојчињата кои имаат 13, 14 и 16 години.

На мајката на жртвите, М.Ј., исто така ѝ се суди во одвоена постапка, поради сомнение дека заедно со нејзиниот љубовник-монструм, ги терала девојчињата да гледаат како тие двајца имаат сексуални односи.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано