Босанец и Хрватка затрупани под урнатините во Турција – меѓу повредените и луѓе од Балканот

Од:

Според последните податоци над 2300 луѓе се загинати во Турција и Сирија по катастрофалните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени по Рихтер.

Под урнатините во турскиот град Малатја се уште се наоѓа државјанин на БиХ, a амбасадата за ова ја информирала фирмата за која работел во Турција.

„А.П. е државјанин на Босна и Херцеговина, а компанијата GOPA Worldwide Consultants не извести дека е под урнатините. Засега немаме повеќе информации за неговата состојба“, изјави генералниот конзул на Босна и Херцеговина Синиша Михаиловиќ.

Нема повеќе информации за неговата состојба или дали воопшто е лоциран од страна на спасувачките екипи.

Под урнатините имало и хрватска државјнака. Хрватскиот амбасадор во Турција потврди дека има повредено и луѓе од Балканот. Тој потврди дека хрватска државјанка е повредена во градот Адијаман. Таа се наоѓа во болница и е вон животна опасност.

„Таа живее во Истанбул, но беше во погодената област за време на земјотресот. Била затрупана под урнатините, но успеале да ја извлечат. Таа е во болница и е добро, според информациите што ги имаме во моментов“, рече Хрвоје Цвитановиќ, амбасадор на Хрватска во Турција

А1он веќе објави дека според официјалните информации од МНР девет наши државјани се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди.

Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност.

Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен.

По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции.

Нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви:

+905394569710 во Анкара,

+905456149777 во Истанбул, и

+ СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес во Турција

Силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес во Турција

Силен земјотрес го погоди Кушадаси