Борисов: Земјите од регионов имаат можност да ја заменат Велика Британија во ЕУ

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов смета дека земјите од Балканот имаат шанса да го заземат местото на Велика Британија во ЕУ, по нејзиното излегување.

Тој денеска на заедничка прес-конференција со претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер рече дека Балканот може да стане незаменлив дел од Европа.

– Ако изградиме железничките линии, автопати, ќе има можност да се приклучат, истакна бугарскиот премиер.

Јункер посочи дека во моментов ниту една земја од регионот не е подготвена за влез во ЕУ, но дека треба да остане европската перспектива. Тој истакна дека на Бугарија не ѝ е потребно осигурување на безбедноста од надвор, туку дека таа треба да ја обезбедува сигурноста на другите земји.

Претседателот на Еврокомисијата посебно ја посочи Турција, како земја со која Унијата сака да гради најдобри можни односи, но оцени дека Турција прави чекори наназад.

– Сакаме Турција повторно да стане Европска, вели Јункер и дополни дека ЕУ презела ангажман да додели три милијарди евра за бегалците во таа земја, и оти тоа нема да се промени.

– Нема нешто подобро за Европа, бегалците да се во центрите во Турција, поблиску до своите родни места, каде можат да се вратат кога ќе заврши војната, дополни Борисов.

Јункер, исто така, посочи дека бугарското претседателство претставува одлична шанса Бугарија да покаже колку вреди. Според зборовите на претседателот на Европската комисија, Бугарија може да биде олицетворена во мотото „Обединети сме посилни“, под кое Софија ќе раководи во текот на шест месеци со Европската унија и тој го повтори барањето Бугарија да стане членка на еврозоната и да ја усвои заедничката валута.

– Морам отворено да кажам дека Бугарија е подготвена (за членство во еврозоната). И ако аплицира Бугарија, тоа го поддржувам од се срце, рече Јункер.

По одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, Комисијата се обидува да ги охрабри седумте земји надвор од еврозоната да ја усвојат единствената валута со нудење „претпристапна” помош за владите кои ќе одлучат да се ангажираат со членство. Шведска, Полска, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Романија и Чешка моментално не се членки на еврозоната, додека Данска трајно ја отфрли таквата можност.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески