Борисов: Заедно со Меркел го поддржуваме патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук објави дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел ги поддржуваат земјите од Западен Балкан на патот кон ЕУ.

– Бугарија активно ќе продолжи да работи во таа насока за време на нашето заедничко претседавање со Република Северна Македонија во Берлинскиот процес. Ги ценам напорите на германското претседателство со Советот на ЕУ за изнаоѓање најсоодветни решенија за заштита на здравјето на сите европски граѓани, како и на економскиот живот, наведува Борисов на својот фејсбук-профил.

Тој во објавата натаму додава дека на францускиот претседател Емануел Мекрон му порачел оти ЕУ треба да дејствува координирано во борбата против пандемијата, но дека и земјите членки не треба да бидат лишени од можноста сами да носат одлуки.

Би можело да ве интересира

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

„Згодна, паметна и повеќејазична“: Која е Марија Габриел, кандидатка за премиер на Бугарија?

Орце Костов

Меркел го доби највисокото германско државно признание

Избори во Бугарија: Борисов со два проценти предност пред Петков, шест партии влегуваат во Парламентот

Катерина Ѓуровски

На бугарските избори гласале 453 лица од Македонија

(ВИДЕО) Борисов до мајката на Пендиков: Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев

Орце Костов