Борисов во Љубљана оствари средби со премиерите на Словенија, Хрватска ,Грција и Австрија

Од:

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов денеска во Љубљана се сретна со премиерите на земјите од ЕУ во Југоисточна Европа, Словенија, Хрватска, Грција, како и Австрија, Јанес Јанша, Андреј Пленковиќ, Киријакос Мицотакис и Себастијан Курц.

Веста ја објави самиот Борисов на својот профил на Фејсбук.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на разговорите учесниците се обединиле околу заклучокот дека европската интеграција на Западен Балкан е важен приоритет за Европа.

Според Борисов, пред се, тоа е дел од обезбедувањето стабилност и безбедност во Централна и Источна Европа. Поранешниот бугарски премиер во својата објава потсети дека Бугарија е генератор на интегративниот процес за шесте земји од Западен Балкан и на средбата во Љубљана уште еднаш го аргументираше својот став дека „Македонија и Албанија се важни за нашето европско семејство. Само обединети и заедно можеме да се справиме со последиците од пандемијата на Ковид-19 и да ги подготвиме економиите и здравствените системи на нашите земји за следниот бран или слични кризи“.

Средбата на премиерите и лидерите на ЕПП во Љубљана се одржува во пресрет на состанокот ЕУ-Западен Балкан, како дел од ротирачкото претседавање на Словенија со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина