Борисов со помош на Каракачанов обезбеди гласови за свикување на бугарското Големо народно собрание

Од:

Бугарската владејачка партија ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, со помош на ВМРО ги обезбеди неопходните гласови за свикување Големо народно собрание, кое единствено има овластување да расправа за измени на Уставот.

– Ги имаме потребните гласови за да поднесеме предлог за одлука за свикување на Големо народно собрание (ВНС), како и нацрт за нов Устав – како што налага сегашниот устав, изјави  шефицата на пратеничката група  на ГЕРБ, Даниела Дариткова, според БГНЕС.

Додека Бугарија се соочува со масовни антивладини протести, ГЕРБ и ВМРО имале преговори за спроведување референдум, односно за предлогот на Красимир Каракачанов кој не е во спротивност со предлогот за нов устав.

ГЕРБ претходно ги повика на разговори и консултации за предложениот нацрт-устав сите парламентарни групи со цел да биде постигната широка согласност меѓу народните претставници за свикување на Големото народно собрание, за што им се неопходни гласовите на две третини од пратениците.

Според Трновскиот Устав, во Бугарија има Обично народно собрание  и Големо народно собрание, но зборот „обично“ најчесто не се користи. Народното собрание се состои од 240 народни пратеници, а Големото народно собрание од 400 пратеници избрани на директни избори.

Големото народно собрание се  избира непосредно од избирачите од целата земја за решавање на важни државни и општествени прашања, како што се носење или менување уставот, менување на територијата на државата и слично. Последен пат заседавало од 10 јули 1990 до 2 октомври 1991 година

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит