Борисов: Сè уште ги имам симптомите на Ковид-19

Од:

„Им благодарам на сите што покажаа внимание и поддршка. Нема промена во моето здравје, сè уште имам симптоми на малаксаност“, ова го објави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на „Фејсбук“.

„Се лекувам како секој бугарски државјанин на кој му е препишан домашен третман од неговиот личен лекар. Мојата општа состојба не ме спречува да продолжам да ги извршувам службените должности. Уверен сум дека нашето општество, предводено од нашите лекари, кои се едни од најдобрите во светот, ќе помине низ оваа голгота. Внимавајте на мерките и пазете се! “, напиша тој.

Претходно, Борисов преку објава на „Фејсбук“ објави дека е заразен со коронавирус.

Владината прес-служба соопшти дека премиерот ги исполнува своите должности и дека е во постојан контакт со членовите на Владата и затоа во моментов нема потреба од заменик-премиер.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

„Згодна, паметна и повеќејазична“: Која е Марија Габриел, кандидатка за премиер на Бугарија?

Орце Костов

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска