Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата

Од:

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ Бојко Борисов даде предлог да се потпише документ за работа на конкретни политики и создавање на нова бугарска влада со мандат од 6 до 9 месеци или до локалните избори до есента 2023 година, јавува дописникот на МИА од Софија.

Борисов појасни дека со потпишување на таков документ партиите во бугарското народно собрание нема да бидат извалкани од коалиции кои тие самите не ги сакаат. Копретседавачот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков го отфрли предлогот на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и нема да даваат поддршка за влада во прв мандат.

Петков коментира дека ако некој сака да се крие зад експерти, тоа нема да се случи. Кирил Петков го повтори својот предлог „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“ да формираат малцинска влада и дека се подготвени да управуваат со Бугарија во најтешките месеци во зимата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит