Борисов: Наредив да се прегледаат сите лекари, лаборанти, возачи, бидејќи работеа со лица заразени со коронавирус

Од:

Првата и единствена грижа е животот и здравјето на луѓето. Наредив да се прегледаат сите лекари, лаборанти, возачи, сите кои работеа со лица заразени со коронавирус, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција на Советот на министри заедно со Кризниот штаб.

Тој повтори дека грижата и здравјето на работниците, социјално загрозените и пензионерите во моментот е од најголемо значење, јави агенцијата БГНЕС.

Борисов информира дека разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, која му упатила честитки за реорганизирање на производството за да може Бугарија, во најкраток рок, да направи маски, шлемови и заштитна облека. 

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски