Борисов одби да учествува во дебатата со Кирил Петков и Асен Василев

Од:

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на својот Фејсбук профил напиша дека нема да учествува во предизборната дебата со Асен Василев и Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија.

Кирил Петков во саботата во интервју за најголемата приватна радиостаница во Бугарија „Дарик“ предложи да се одржи предизборна дебата со Бојко Борисов.

Сите социолошки студии во Бугарија покажуваат дека или „Продолжуваме со промената“ или ГЕРБ ќе има најголеми шанси да ја формира следната редовна влада на земјата.

Бојко Борисов напиша дека ќе дебатира со секој што ги почитува законите на Бугарија, но Асен Василев и Кирил Петков, според него, не биле такви.

Поканата е отворена најдоцна до четврток навечер, како што предложија копретседателите на „Продолжуваме со промената“ на неутрален терен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина