Борисов: Колку побргу Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ, толку подобро за Бугарија и Грција

Од:

Колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во неговиот говор на третиот самит во Солун, за перспективата и соработката на Западен Балкан.

– Нема подобро место од Европската унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност ѝ помогна? Кој застана до неа? Европската унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. И колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече Борисов.

Бугарскиот премиер во обраќањето, ги спомена и договорите на Македонија со Бугарија и Грција и истакна дека премиерите на трите земји биле храбри.

– Сакам прво да ги поздравам Скопје и самиот себе за Договорот за добрососедство, затоа што тоа никако не е лесна работа. Точно дека вашето е малку потешко, но Заев и Алексис беа храбри премиери како и ние и даваме една исклучително важна перспектива за НАТО и Европската унија на нашите колеги во Македонија. Бивша југословенска република, долго име, да се надеваме дека во брзо време и тоа ќе се реши, рече премиерот на Бугарија Бојко Борисов во неговиот говор на третиот „Thessaloniki summit“.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Цвеќе и пораки со сочувство пред Амбасадата на Русија во Македонија

А1он

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он