Борисов: Камионот со 39 безживотни тела, не бил во Бугарија од 2017 година

Од:

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не може да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во машата земја од регистрацијата во 2017 година, изјави денеска премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Тој истакна дека Бугарија соработува со британските власти во истрагата.

– Камионот во 2017 година е регистриран во Бугарија од државјанка на Ирска. Потоа замина од земјата и никогаш повторно не влезе. Така што на ниту еден начин не можеме да бидеме поврзани, освен со регистарските таблички на камионот, истакна Борисов.

Во камион во британскиот град Есекс денеска се пронајдени безживотни тела на 39 мажи, а уапсен е 25-годишниот возач од Северна Ирска поради сомнеж дека тој го извршил убиството.

Полицијата во Есекс соопшти дека меѓу убиените, имало и еден тинејџер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит