Борисов: Договорот за добрососедство со Македонија е исклучително важен

Од:

Ако не го потпишеме договорот за добрососедство со Македонија, не знам што друго би можеле да потпишеме во иднина, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на јавна дебата, јавуваат бугарски медиуми.

– Договорот за добрососедство со Македонија е исклучително важен. Треба да оставиме историчарите да дебатираат. И мене не ми е пријатно да слушам за многу теми. Убеден сум дека и бугарските политичари ќе не поддржат. Зависи и од политичарите во Македонија дали овој договор ќе се постигне. Ако него не можеме да го потпишеме, тогаш што би можеле во иднина да потпишеме. Интересот на Бугарија е да ја поддржи Македонија да влезе во Северно-атланскиот пакт. Се ​​надеваме дека и колегите разбираат какви се опасностите во иднина ако сето тоа не се случи, вели Борисов.

За средбите во Дубровник и т.н. Берлински процес за Западен Балкан, тој оценува дека радува што сите се убедени дека Балканот треба да биде стабилизиран.

– Ако не поднесеме сметка и не сакаме да и погледнеме на вистината в очи, Балканот повторно е најтешкиот и нестабилен регион во цела Европа. Убеден сум дека со Берлинскиот процес и со претстојното претседателство можеме да направиме доста во однос на пристапувањето, посочува бугарскиот премиер Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит