Борисов: Додатокот за пензионерите ќе важи додека трае пандемијата

Од:

„Сè додека трае пандемијата, пензионерите ќе добиваат додаток од 50 лева (25 евра) месечно, а понатаму ќе има индексирање на пензиите“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Не можеме да индексираме пензии и да даваме 50 лева истовремено, бидејќи тоа се 108 милиони лева месечно“, објасни тој.

Борисов во посета на селото Лесидрен ги праша пензионерите дали добиваат додаток од 50 лева, што Владата го доделува веќе три месеци како помош за време на пандемијата.

Тој за време на посетата најави дека откако ќе заврши пандемијата со Ковид-19, ќе следи индексирање на пензиите по што примањата на пензионерите континуирано ќе се зголемуваат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит