Борисов: Балканот треба да биде пример во Европа за мир и стабилност

Од:

Ние на Балканот сфативме дека не постојат „големи“ и дека регионот треба да биде пример во Европа за мир, стабилност и просперитет, изјави денеска во Варна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по средбата со премиерите на Грција и Романија, Алексис Ципрас и Михај Тудосе и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Борисов рече дека земјите од Балканот сакаат да и помогнат на ЕУ да не се грижи за овој регион, додавајќи дека Бугарија, Грција, Романија и Србија сакаат да промовираат мир и просперитет, во името на своите граѓани и за нивно спокојство и благосостојба, зголемување на приходите, развој на бизнисот и туризмот и реализација на заеднички проекти.

– Фактот што Србија е меѓу нас покажува дека и покрај тоа што се уште не е приклучена кон Унијата, ние сите настојуваме и знаеме дека нејзиното природно место е во ЕУ и дека меѓу Грција, Бугарија, Романија, Хрватска, Словенија, Австрија и Унгарија не може да остане држава која не е членка на ЕУ, рече Борисов.

Тој посочи дека сите настојуваат овој процес да се забрза, бидејќи, според него, тоа е од корист за сигурноста и мирот на Балканот, но и на цела Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит