Борел повторно ги покани на средба Вучиќ и Курти

Од:

Косово и Србија синоќа успеаја да постигнат начелен договор за излез од кризата, а сега ЕУ повторно ги кани лидерите за да се зацементира процесот.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од европската служба за надворешни работи синоќа, Приштина и Белград на ниво на главните преговарачи успеаја да избегнат ескалација околу проблемите со регистарските таблици и да го вратат фокусот на дијалогот под водство на ЕУ и шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел.

Србија се согласи да не издава КМ таблици за Србите во Косово, а Приштина вети дека нема да ги казнува граѓаните со такви таблички.

Но, ова е само почеток на враќање на преговарачката маса.

Портпаролот за надворешни работи, Петер Стано, денеска на редовниот брифинг за новинари во Европската комисија изјави дека се поканети српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, на нова средба.

– После договорот вчера важно е да се продолжи, високиот претставник Борел ги покани двајцата лидери во Брисел да продолжат да работат на нормализација на односите и дијалогот, работата продолжува. Договорот од вчера не е краен договор, тој ќе овозможи да се влезе во нова етапа и да се работи на прашањата на одржлив начин, рече Стано.

ЕУ очекува сега одговор од двете страни и ќе информира дали и кога ќе се одржи следната средба со Вучиќ и Курти во рамките на Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Го цениме активниот пристап на Франција во косовскиот проблем

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Не го сакаме Косово во ОН, и што сега, сакате да не бомбардирате?

А1он

Хил: САД ги ценат напорите на ЕУ за решавање на проблемите меѓу Белград и Приштина

А1он

Вучиќ до Хил: Србија останува искрено посветена на дијалог и мирно решавање на сите отворени прашања

А1он

Роде: Апсурдно е да ескалира ситуацијата поради регистерски таблички

А1он

Османи: Борел застана на страната на агресорот Србија