Болтон: САД решени да го поддржат продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Србија

Од:

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, во разговор со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, ја потенцира одлучноста на актуелната администрација на САД да го поддржи продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, пренесува Танјуг.

– За време на вчерашните разговори во Вашингтон, на маргините на Министерската конференција посветена на верските слободи, министерот Дачиќ се заложи за натамошно зајакнување на билатералните односи со Соединетите Американски Држави и нивно подигнување на повисоко ниво, особено имајќи го предвид сојузништвото на двете земји во двете светски војни, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Болтон се согласил со оценката на Дачиќ за неопходноста од натамошно унапредување на билатералните односи на сите нивоа и ја истакнал решеноста на актуелната администрација на САД за поддршка на што поскоро продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов