Бојко Борисов ја откажал средбата со Ѓорге Иванов

Од:

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја откажал средбата со македонскиот претседател, поради како што наведува бугарскиот весник „24 часа“, „арогантното однесување на Ѓорге Иванов“.

Бојко Борисов бил исклучително лут, наведува медиумот, поради скандалозниот однос на Иванов, кој ја напушти средбата со премиерот Заев и министерот за надворешни, Димитров и се обратил со говор во кој не остави простор за дискусија со него за договорот за името.

Иванов од денеска е во официјална посета на Бугарија и ќе се сретне со бугарскиот претседател Радев.

Наводно, Борисов и дал задача на министерката за надворешни работи, Захариева, да ја откаже уттрешната средба со македонскиот претседател заради неговото минирање на договорот со Бугарија, кој е прифатен и поздравен од целата меѓународна заедница.

Според „24 часа“, сите земји членки на ЕУ, се непријатно изненадени од однесувањето на Иванов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит