Bo Загреб протест против кирилица

Од:

На плоштадот бан Јелачиќ во Загреб започна протестот против воведување кирилица во Вуковар, но и во цела Хрватска.

На плоштадот се соберени илјадници граѓани, а организаторите најавија учество на поголем број демонстранти, отколку на претходниот собир во Вуковар, кога имаше 20.000 луѓе. Сообраќајот во центарот на градот е во прекин.

Zagreb, 07.04.2013 - Prosvjednici iz Vukovara Vlakom mira stigli na Glavni kolodvor

Собирот го организира Штабот за одбрана на хрватскиот Вуковар, а насобраните граѓани носат знамиња и транспаренти, а некои се облечени дури и во воени униформ. На транспарентите пишува „Вуковар е моја Хрватска“, „Ние рековме не“, и извикуваат „Вуковар, Вуковар“.

Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ синоќа изјави дека очекува собирот да биде во рамките на законот и дека граѓаните ќе се придржуваат кон тоа.

Screenshot_8

Премиерот Зоран Милановиќ неодамна изјави дека кириличните натписи во Вуковар ќе бидат поставени до локалните избори во мај. Тој предупреди дека многумина се обидуваат да го злоупотребат воведувањето на двојазичноста и порача дека ќе се спроведе Уставниот закон, кој овозможува двојазичност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари