БНТ: Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Петков го посетила Скопје

Од:

Советничката за надворешна политика на бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева, на 2 јануари го посетила Скопје, јави БНТ, повикувајќи се на Министерскиот совет (влада) на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Чернева била во Скопје по наредба на бугарскиот премиер Петков, а целта била да се подготви претстојната посета на Петоков на Скопје во јануари годинава.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, најави дека откако новата влада во Северна Македонија ќе положи заклетва, тој ќе се сретне со новиот премиер Димитар Ковачевски.

Во меѓувреме, организациите на Бугарите од Република Северна Македонија испратија писмо до сите бугарски институции вклучени во преговорите со Северна Македонија, а бугарскиот претседател Румен Радев се очекува да го свика Советодавниот совет за национална безбедност на 10 јануари за да разговара за рамката за односите со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит