Блокади и протести во повеќе од 50 градови во Србија

Од:

Иницијативата „Тргни-промени“ и движењата собрани околу Еколошкото востание за денес во 14 часот најавија блокада на патишта и мостови на десетина локации во Белград и во повеќе од 50 градови во Србија.

Саво Манојловиќ од организацијата „Тргни-промени“ најави дека на денешните протести во Белград граѓаните исклучиво пешки ќе го блокираат сообраќајот, и да нема да се користат автомобилите како во останатиот дел од државата.

-Централното место за блокадата е мостот Газела, како и минатата сабота. Заземањето ќе биде раштркано и преку Мостарскиот јазол и над Новобелградската страна. А точките за блокада се Панчевскиот мост, Теразије, Славија, Бранковиот мост“, објави Манојловиќ на Твитер.

Најавената блокада на Србија во Белград ќе се реализира на два колосеци. Блокади се најавени и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар или во околу 50 градови во Србија. Блокада ќе се организираат и во Шабац, каде пред седум дена се случи инцидент на протест кога багер тргна кон граѓаните кои го блокираа сообраќајот.

Протестите се организираат со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива.

За оваа сабота е најавена сообраќајна блокада која ќе трае повеќе од еден час, а министерот за полиција Александар Вулин и дал дозвола на полицијата да „употреби сила“, додека челниците на протестите порачаа дека нема да отстапат од јасните барања.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати