Во тајност испитани 20 сведоци против Харадинај

Од:

Во истрагата поврзана со Рамуш Харадинај во текот на изминатите неколку месеци сослушани се околу околу 20 сведоци, Срби и Албанци, пренесува “Блиц”.

Заради заштита на сведоците, се беше извршено во најголема тајност, а нивните изјави се земени во Белград, на север и во внатрешноста на Косово.

Харадинај претходно денеска, поднесувајќи неотповиклива оставка на местото претседател на косовската Влада, и сам рече дека добил покана да даде изјава пред Специјалниот суд во Хаг, како осомничен за воените злосторства, што го наведе и како причина за оставката.

Харадинај во претходните случаи кои се водеа против него, беше ослободен од Хашкиот трибунал, поради недостаток на докази, бидејќи најголем проблем е токму заплашување и ликвидација на сведоци, наведува Блиц.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати