Блиц: САД нуделе многу инвестиции за признавањето на Косово, Белград одбил

Од:

САД и понудиле на Србија да го признае Косово, а за возврат било ветено дека ќе бидат донесени во земјата сите најголеми светски компании.

Српски „Блиц“ наведува дека специјалниот пратеник на америкнаскиот претседал за Косово, Ричард Гренел и на Белград и на Приштина им порачал да постигнат договор за меѓусебно признавање, а за тоа ќе добијат „награда во економска смисла, ќе биде огранизирана инвестициска конференција“.

Според „Блиц“ тој ветил дека ќе ги повика најголемите светски компании да инвестираат во Србија, меѓутоа неговиот предлог бил отфрлен во Белград.

Српскиот медиум наведува дека ако се имаат предвид несогласувањата помеѓу Берлин и Париз, Вашингтон сака од игра да ја исфрли ЕУ и да го преземе решавањето на прашањето за Косово.

Претседателот на САД, Доналд Трамп не го интересира суштината на проблемот, туку му треба нешто спектакуларно, да се потпише договор во

Вашингтон, во Белата куќа, наведуваат дипломатски извори за „Блиц“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во неколку наврати изјави деновиве дека нема намера некогаш да го признае Косово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја