„Блиц“: Приштина ја поттикнува емиграцијата за да избегне немири

Од:

Масовната емиграција на Албанците од Косово во псоледниве шест месеци е организирана со цел властите во Приштина да избегнат социјални немири, тврди белградкиот весник „Блиц“.

Косовските медиуми деновие објавија дека во последниве шест месеци Косово го напуштиле меѓу 60 и 100 илјади негови жители, а според некои попесимистички проценки, таа бројка достигнува и до 150.000.

„Блиц“ наведува дека лицата кои го напуштаат Косово велеле оти косовската Влада не вложува никакви напори да ја спречи емиграцијата кон земјите на ЕУ, бидејќи иселувањето на населението и е единствн начин да го зачува социјалниот мир.

Животниот стандар во Косово е низок, а косовските власти повеќе нема да можат да го купуваат мирот со замижување пред неплаќањето на сметките за струја, шверцот и другиот криминал, оценува „Блиц“, додавајќи дека на емигрирање пред се се решаваат припадници на средниот општетсвен слој, кои се повеќе се незадоволни од состојбата во Косово.

Белградскиот весник наведува дека во текот на есента социјалните мрежи во Косово биле преплавени со информации за можности за иселување во земјите на ЕУ, во кои се тврдело дека Германија, Швајцарија и Франција „ги отвориле вратите“ за косовски имигранти.

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ во изјава за „Блиц“ истакнува дека сомнежот оти станува збор за организурано иселување од Косово, го поттикнал фактот што сите имигранти што минуваат низ Србија кај себе имале подеднаква сума пари. Весникот додава дека оваа инфомација ја потврдиле и негови извори меѓу Албанците во Приштина.

Душан Јаниќ од Форимот за етнички односи смета дека зад масовното иселување од Косово се крие организран бизнис во кој се вклучени криминални структури, но и припадници на полициите од Косово и Србија.

„Блиц“ потсетува дека според официјалните податоци, 18 проценти од косвските жители живеат во екстремна сиромаштија, а дека стапката на невработеност во Косово изнесува над 60 проценти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска