„Блиц“: ЕУ прифаќа разграничување меѓу Србија и Косово

Од:

Европската унија прифаќа промена на границите меѓу Србија и Косово, објави весникот „Блиц“, цитирајќи го еврокомесарот Јоханес Хан, кој нагласил дека размената на територии може да биде дел од договор за нормализирање на односите меѓу тие две држави.

Во изјава за „Вашингтон пост“, Хан зборувајќи за можно прилагодување на границите истакнал дека правно-обврзувачки договор меѓу двете страни би покрил области пошироки од прашања на границите и дека „еден од клучните елементи на иден договор мора да биде почитување на малцински права“.

– Во овој момент никој не може да се предвиви што може да биде конечен исход. Можна размена на територии во секој случај, би можела да биде ако сакате – последен дел од сложувалката.. .Единствен предуслов е каков било билатерален договор да придонесе за мир и стабилност во регионот, нагласил Хан.

Министеерпот за надворешни работи Ивица Дачиќ во изјава за „Блиц“ вели дека Србија чека Приштина прва да направи потег.

– Прво нека ги решат наметнатите царини, па потоа да видиме што понатаму. Да почекаме да видиме што ќе се слулчи во Берлин на 29 април, вели Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати